|
AMERICAN EXPRESS КРЕДИТНА КАРТИЧКА...СE ШТО ВИ ТРЕБА
ПРИСТАП ДО НОВИ ИСКУСТВА СО AMERICAN EXPRESS
Во декември 2006 Алфа Банка Скопје ја воведе American Express кредитната картичка. Сега имате можност да поседувате картичка совршено дизајнирана според Вашите финансии и потребите на животниот стил додека купувате, патувате....секаде каде што Ви е потребна.
American Express е совршено дизајнирана картичка за Вас, за користење во земјата и странство. Корисниците на картичката имаат 24х7 пристап до локалните служби за корисници и меѓународните служби во било која од 2200 канцаларии на American Express или нивни претставништва како и итна замена на картичката, било каде во светот, на тој начин овозможувајќи йм на корисниците дом далеку од дома.
American Express не е само уште една картичка во Вашиот џеб. Тоа е картичка која ги собира сите Ваши желби на едно место. American Express претставува статус, престиж, услуга со највисок квалитет и ново искуство.
“Сe што Ви треба“ кредитната картичка...
...е дизајнирана за Вас!
-
Безкаматен грејс период до 50 дена за трговски трансакции
-
Минимална месечна отплата 5%
-
Без членарина за првата година и секоја наредна доколку се направи промет во трговија од мин 100,000 МКД
-
Флексибилни кредитни лимити
…се грижи за Вашата фамилија и пријатели!
- Нуди две дополнителни картички без членарина за првата година
…патува со Вас!
- Прифатена е во повеќе од 200 земји ширум светот
- Овозможува подигнување на пари на повеќе од 550,000 банкомати ширум светот
- Беспрекорна услуга за корисниците било каде да се
Банката го задржува правото да ги менува условите без претходна најава.
|