Согласно потребите, правните и физичките лица во Алфа Банка АД Скопје може да учествуваат на:
Примарниот пазар на хартии од вредност го организира Министерството за финансии и се однесува на учество на аукции за издавање на:
- државни записи и
- државни обврзници
Учеството на аукциите за државни записи и државни обврзници, Алфа Банка АД Скопје го врши во функција на овластен директен учесник при што Банката во свое име, а за сметка на индирекните учесници (домашни и странски правни и физички лица) учествува на организираните аукции.
Покрај навременото доставување на Барањето до Банката, потребно е заинтересираните да го уплатат на сметка на Банката:
- Дисконтираниот износ на бараните државни записи доколку учествува на аукцијата на државни записи
- Номиналниот износ на бараните државни обврзници доколку учествува на аукцијата на државни обврзници
За неуспешните учества на аукциите (кога клиентот нема позитивни резултати на аукциите), Банката не наплатува провизија.
Секундарниот пазар на хартии од вредност се однесува на купување односно продавање на веќе издадените државни записи и државни обврзници.
На секундарниот пазар, во Банката заинтересираните може: